Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот.

-Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе. Дополнително Шилегов крена два ката дивоградба и направи зграда во Тафталиџе. И сето тоа за 4 години со плата околу 1.000 евра.

Парите кои ги заработил за 4 години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи.

Заевци неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев  се спомнува во секој бизнис.

Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово.

Функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив ЈО иако има докази во изобилство не отвора истрага. Со Заев ништо нема да се смени ниту со таканаречениот закон за потекло на имот. Потребно е Заев да падне за да има правдина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.