Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски во емисијата „Клик Плус“ изјави дека во 2001 година бил подготвен да го смени името на државата, но сепак тогаш како што вели од СДСМ протестирале и немал поддршка од таа партија. Како што вели тој пред самитот во Букурешт во 2008 година и Никола Груевски имал понуда да го смени името само за надворешна употреба, односно БЈРМ да го смени со Северна или Горна, но сепак тој одбил.