Семејствата побрзаа во текот на ноќта да ги извлечат вредните предмети од своите домови и да избегаат од лавата што постојано напредува на шпанскиот остров Ла Палма.

Advertisements

Третина од домаќинствата се загрозени додека жешката маса се упатува кон брегот во градот Лос Ланос де Аридан.

Вулканот еруптираше на островот во неделата, а веќе се евакуирани шест илјади луѓе. Досега се уништени најмалку 300 куќи и едно основно училиште.

Претседателот на Канарските Острови, Ангел Виктор Торес, рече дека службите не можат да го запрат „немилосрдното“ напредување на лавата кон морето и дека повеќе куќи, цркви и обработливо земјиште ќе бидат оштетени. Досега, никој не е повреден од вулканска ерупција.

Прикажи повеќе