Агент на граничната полиција во Рио Гранде, како каубоец, качен на коњ, со шешир и јаже, во акција за фаќање мигранти.  Сцената се одвиваше во близина на мостот што се протега низ реката и стана новата фокусна точка на миграциската криза на границата меѓу САД и Мексико.

Илјадници мигранти, многу бегалци од Хаити, преминаа во Тексас во близина на градот Дел Рио со надеж дека ќе побараат азил во Соединетите држави по убиството на премиерот на Хаити во јули и големиот земјотрес минатиот месец.

Во 2019 година, 1,6 милиони возила и 75,000 камиони преминаа меѓу земјите во тој момент. Сега, не поминува сообраќај преку мостот, кој се претвори во импровизиран покрив за широкиот мигрантски камп.

Оваа фотографија предизвика гнев во САД, поради начинот на кој граничната полиција се справува со мигрантите. Голем број коментари се дека историјата се повторува, бел човек на коњ, фаќа афроамериканец.

Целиот текст на Вашингтон Пост