Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска се сретнаа со средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, целта на денешниот состанок беше да се претстават пред оваa комисија измените и новите закони за висока раководна служба, за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници со цел да се исполнат препораките од проектот „Проценка на ранливоста од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“. Ова е 13-та мерка од владиниот План за борба против корупција.

Министерот Шаќири на средбата потврди дека сите препораки се имплементирани во измените на законите, веќе воспоставени во ЕНЕР, за административни службеници, вработени во јавниот сектор и законот за висока раководна служба, кои ја менуваат постапката за вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор.

-Овие закони директно влијаат на целосната деполитизација на државната администрација и ги поставуваат темелите на вредностите и меритократијата за да се стигне до работното место или унапредувањето. Ние сме решени да ги завршиме овие реформи, истакна министерот Шаќири на средбата во ДКСК.