Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик досега сработиле многу.

Тој додава дека тие се справиле со сериозен предизвик.

„Тие се справуваа со сериозен предизвик во целиот свет, што е за првпат во човештвото. Со носењето на одлуката, прво ќе констатираме како се ќе поставиме кон луѓето. Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки. Го разбирам етичкиот и моралниот однос, но исто така ја чекам и другата одговорност, што значи континуитет на системот, одговорност за тоа што не очекува понатаму“, порача премиерот во ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.