Осум лица се убиени, а ннеколкумина се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во кампусот на универзитет во рускиот град Перм. Сторителот е уапсен.

Според некои информации, бројот на убиени и повредени е многу поголем, но засега нема официјална потврда.

Напаѓачот најверојатно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров кој што се забаракадирал во една од училниците.

Учениците со страв и во паника сведочеле на неговиот крвав поход, а ова се првите снимки од малиот монструм.