Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, на 14 септември при обид за тешка кражба во црква „Свети Петар и Павле“ на ул.„Горно Лисиче“ бил фатен и лишен од слобода Ѓ.П.(25) од Скопје.

– Тој бил приведен во полициска станица и со него е извршен службен разговор, при што Ѓ.П. ги појаснил делата извршени во помошните простории на црквата. Имено, истиот ден, тој со употреба на сила влегол и во капелата „Христово воскресение“, одзел пари и предизвикал пожар, кој за кусо време се изгаснал, информираат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, против него ќе следува кривична пријава по чл.236, чл.288 и чл.236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.