Преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар во вчерашното гостување на телевизијата Алфа изјави дека луѓето кои одбиваат да се вакцинираат, на еден начин претставуваат потенцијални самоубијци, а за самоубијците, според Црквата, нема место во Царството небесно.

„Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно, рече владиката Петар.

„Ние треба да бидеме сериозни кон оваа болест и мојот апел е сите сериозно да пристапиме и да не дозволиме да се шири пропагандата дека вирусот не постои или дека луѓето се чипуваат преку вакцината“, додава митрополитот.