Министерката за правда Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.

Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права.

– Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква функција во историјата на САД, која одблиску беше инволвирана во случувањата на Балканот во 90-тите, ме прими во нејзиниот дом во Џорџтаун, кој е сведок на нејзиното богато политичко минато. Ме замоли да пренесам благодарност во Скопје за прифаќањето на евакуираните граѓани од Авганистан кои работеа за невладини организации од САД. Нејзиниот дом го напуштив со силни импресии и со чувство на почестеност што разговарав со важна фигура од врвот на светската дипломатија, чии збор сеуште одекнува и тежи, пишува Шеќеринска во својот фејбук профил.