Францускиот претседател Емануел Макрон ја прими вчера во проштална посета германската канцеларка Ангела Меркел, со која разговараше за европските прашања и за кризата во Авганистан.
Advertisements
Макрон изјави дека ќе продолжи да работи заедно со Меркел се додека не се формира нова германска влада, по изборите закажани за 26 септември. Тој истакна дека за некои прашања ќе понудат заедничко француско- германско решение, на пример за кризата во Авганистан и за борбата против тероризмот.
Од своја страна, Меркел изрази надеж дека нема многу да се одолговлекува формирањето нова германска влада.
Според западни медиуми, Меркел би можело да биде се уште на фунцијата на 6 октомври, кога во Љубљана треба да биде одржан самит меѓу ЕУ и Западен Балкан.