Вака вчера одговрои премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за морална оставка на Владата. Но вака не мислеше и денеска.

По ваквата изјава на премиерот, реагираше лидерот на Алијанса за Аалбанците, Зијадин Села на Фејсбук. Напиша дека премиерот го заслепила власта.

„За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере зошто-то на оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта.“, напиша Села.

Села синоќа гостуваше и во емисијата Клик Плус на ТВ21 и побара оставка од Заев.

„Ако нему му е толку важен Филипче, нека си оди заедно со него.“, рече Села.

За оставката на министрите и двајцата директори на клиничката болница во Тетово, смета дека нема ни дискусија. Додава дека оставките треба да се достават до Собрание и да се констатираат, во спротивно се раѓаат дилеми за манипулација со истрагата.

„Што го врзува толку многу премиерот со еден министер, кој и да е тој, што толку инсистира по секоја цена, додека заврши истрагата. Можеби намерно за да се заборави како што беше во минатото со вакви случаи.“, изјави Села.

Поради трагедијата во Тетово, министерот за здравство, Венко Филипче си поднесе оставка на 10 септември, пред него оставка си поднесе неговиот заменик Илир Хасани, како и директорите на болницата, Фљорин Бесими и Артан Етеми.