На иницијатива на еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, заедно со министрите од регионот надлежни за европското порфолио, учествуваше на состанок за размена на мислења и подготовка во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан. На состанокот беа дискутирани клучните теми од агендата на Самитот и очекуваните резултати, вклучително и економската поддршка од ЕУ за регионот и градењето на регионален внатрешен пазар, состојбата со КОВИД-19 и процесот на вакцинација, зелената агенда, како и напорите за намалување на роаминг трошоците меѓу регионот и ЕУ.

Вицепремиерот Димитров истакна дека Самитот мора да испрати јасен политички сигнал за европската иднина на Западниот Балкан. Јасно е дека довербата во процесот е разнишана и без ваква јасна порака кредибилитетот дополнително ќе биде под знак прашање.