Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Заран Заев.
Advertisements
Како што се наведува во текстот:
Согласно анализите на ТИРЗ, регистирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години. Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година.
Регистриран е и раст од 7,15% на бројот на вработени споредено со истиот месец лани и бележи стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите.
Најавени се и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје, со вкупен обем од над 54 милиони евра. Од почетокот на годината се потпишани или се во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра.