Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред  железничката станица Рајко Жинзифов кај село Сл’п, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.

– На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола, информираат од ЦУК.