Падот на продажбата, недостатокот на компоненти и инфлацијата се три фактори кои влијаат на цената на паметните телефони. Поради овој недостаток, но и зголемувањето на трошоците за монтажа на уредот, производителите се или ќе бидат принудени да ги зголемат цените.
Цените веќе почнаа да растат, а се очекува идната година да почне да се чувствува уште повеќе. Сите производители на процесори и компоненти најавија зголемување на цената: „TSMC“ за 20 проценти, потоа „MediaTek“ чии процесори исто така ги произведува „TSMC“, и секако „Qualcomm“. Така, во периодот од октомври 2020-та година до јуни 2021-ва година, цените на производите на „Qualcomm“ и „MediaTek“ се зголемија за 60 проценти.
Сето ова може да доведе до непријатна ситуација во која зголемувањето на цените на уредите ќе влијае на сегментацијата на производите на пазарот.
Ова значи дека уредите од премиум сегментот, од гледна точка на производителот, би можеле да станат поголем приоритет, бидејќи можат да заработат повеќе пари на нив. Ова може да доведе до намалување на обемот на производство и купување на поевтини модели на паметни телефони од средниот и долниот сегмент, па изборот на купувачи на овие уреди може да биде многу тесен.
Извор: Денар.мк
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.