Жена од Чикаго е уапсена на аеродромот во Флорида, откако кренала лажна тревога дека има бомба во авионот, соопштија властите.

Марина Вербицки (46) била уапсена во понеделникот наутро на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд, соопшти канцеларијата на шерифот.

Вербицки им кажала на вработените дека имало бомба во нејзиниот багаж, која веќе била во авионот, бидејќи и било кажано дека не може да се качи на авион бидејќи дошла доцна.

Потоа била уапсена и авионот што се подготвувал за полетување, бил запрен. Патниците биле евакуирани и авионот бил прегледан кога било утврдено дека предупредувањето е лажно.

Вербицки е приведена и пријавена за лажно заканување со бомба, експлозив или оружје за масовно уништување.