По повод 30 -годишнината од независноста на Северна Македонија, претседателот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети испрати честитка до сите граѓани на нашата земја.

-30 години подоцна, продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија, како меѓународно призната земја, со европски перспективи, со многу пријатели со кои соработуваме со цел да обезбедиме одржлива иднина уште подобра за сите граѓани.

На темелите на референдумот и прогласувањето независност и Охридскиот договор, но и Договорот од Преспа и Договорот за добрососедството, избравме дијалог, еднаквост и соживот, но и пријателство со соседи и го одредивме нашиот пат кон НАТО и Европската унија. Денес ние сме полноправна членка на НАТО и добивме зелено светло за членство во ЕУ, порача меѓудругото Али Ахмети.