Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи заедно со градоначалникот на општина Сарај и министерот за транспорт и врски изврши увид на градежните активности за изградба на резервоарот на водоводна мрежа за населените места Бојане,Рашче, Копаница, , Буковиќ и Ласкарци.

Проектите за изградба на водоводната и канализационата мрежа се од особено значење за  подобрување на животот на граѓаните од овие места.

Ова беше наше ветување пред нив и наша обврска која еве денеска ја реализираме.

Изградбата на резервоарот на водоводната мрежа ќе овозможи решавање на деценискиот проблем за над 10 илјади жители од Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци.

Вкупната инвестиција е 40 милиони денари од кои 34 милиони денари ги обезбедивме преку Европската инвестициона банка а 6 милиони денари ги обезбедивме од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Во наредниот период очекуваме силни градежни активности.

Исто така за кратко време овде започнуваме и со изградба на фекална канализациона мрежа во населено место Ласкарце за што веќе имаме договор потпишано, проект кој исто така се реализира преку Министерството за транспорт и врски во соработка со општината.

Инвестицијата само за овој проект инесува 27 милиони денари, средства одвоенинод буџетот на министерството.

Почитувани граѓани, уверуваме дека Владата подденакво инвестира во сите региони, во сите наслени места за да обезбедиме поквалитетни услови за живеење и подобар животен стандар.