Компанијата Фајзер ќе препорача трета доза вакцина по изминување на шест месеци од втората, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, информациите се добиени по извршени анализи и студии директно од вработени во американскиот фармацевтски гигант.
„Имавме состанок и ни укажаа дека голема е веројатноста дека тие ќе препорачаат трета, односно „бустер“ доза за сите граѓани, после шест месеци од примената ревакцина. Меѓутоа официјалните препораки сѐ уште ги очекуваме, а нашиот Комитет за вакцинација ги чека токму официјалните за да го препорачаме тоа и ние“, рече Филипче.