Талибанците убиле познатт авганистански пејач на народна музика, само неколку дена откако најавија дека јавното изведување музика ќе биде забрането, објави „Ал Арабија“.

Пораеншниот авганистански министер за внатрешни работи, Масуд Андараби, на Твитер објави дека пејачот Фавад Андараби бил брутално убиен во селото Андараб.

Тој носеше радост во целата долина и кај луѓето што живеат тука – напиша Андараби, покрај објавената снимка од пејачот.