Власта најавува проверка и конфискација на имотот на функцинерите. Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, вели дека крајот на месецот ќе излезат со Законот за потекло на имот, со кој се предвидува  проверката на потеклото на имот за сите граѓани вклучувајќи ги и сите бивши фунцкионери. На проверка на имот ќе се изложи секој граѓанин кој располага со над 30.000 евра имот.

Ако во предходната година одредено лице нема оправдување од каде потекнуваат неговите приходи над поставениот праг, ќе се врши проверка на потеклото на имотот, тврди Николовски во интервју за ТВ21.

Според него, ваквото решение ќе ги демотивира граѓаните да впишуваат имот на туѓо име, а потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот.

“Не може да возите кола од 50 илј​ади​ евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни​, ​нема конфискација, вели Николовски.