Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, соопшти дека го собрал потребните потписи за поддршка на неговата независна кандидатура за градоначалник.

Димитриевски рече дека заедно со неговиот тим бара нов четиригодишен мандат со нова сила и нова енергија сака да го гради и развива Куманово.

„Досега работевме сплотени, упорно и посветено. И во континуитет чекор по чекор го менувавме ликот на нашиот град. Имаме намера да продолжиме и така“, додаде Димитривски.

Тој објасни дека и покрај тоа што општината ја затекнал со долгови успеал да реализира голем број на проекти.

„Нашата цел е да бидеме администрација на граѓаните која ќе ја доживуваат сите. Затоа сплотено и во духот на демократијата ќе продолжиме во тој пат“, рече Димитриевски.