Момче од Ресен на 24 години утрово починало на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19. Toj на 25 август бил донесен во битолскиот ковид центар во многу тешка состојба.

„Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина“, изјавила за МСС,  директорка на Битолската клиничка болница, д-р Билјана Гагачовска.

Mомчето неодамна правело свадба и неговите блиски претпоставуваат дека најверојатно бил заразен од некој од гостите кои биле присутни.