Скоро пола од пријавените кандидати за попишувачи се вакцинирани, а мнозинството од невакцинирани сакаат да се вакцинираат ако им се нуди таква можнист.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симоновки вели дека од 7.532 кандидати пријавени за попишувачи, 3.251 кандидати се вакцинирани.

Тој тврди дека разговараат со Министерот за здравство да се организира вакцинирање на оние кандидати кои пројавија интерес за тоа а кои ќе ја поминат селекцијата за попишувач.

„Според мене тоа би било најдобро да се направи на местата на обуката, која почнува во недела на 29.08 и е предвидено да трае 3 дена. Обуките ќе се организираат во училиштата по што ќе бидат дезинфицирани и целосно подготвени за почеток на учебната година од први септември, изјавил за НоваТв , Симовски.

Според него од пријавените кандидати за попишувачи ќе излезе солиден број на луѓе кои би учествувале во статистичката операција.