Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети денеска извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините.
Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.
Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски истакна дека овој пат ќе биде по сите стандарди и квалитет. “Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот“ кажа заменик-министерот Реџепи.