Владата не смета дека со последните анти ковид мерки чепна во џебот на сите граѓани, затоа и не се предвидува додатен економски пакет за да им излезе на помош на граѓаните. Во врска со угостителите, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека ја анализираат состојбата доколку преземените мерки ја оштетиле угостителската индустрија.

„Моментално ја следиме ситуацијата доколку преземените мерки ќе имаат финансиски компликации. Во минатото сме биле претпазливи, ја следевме состојбата и сме преземале мерки доколку навистина беше потребно. Секако, мерките се привремени, сметам дека сите сме свесни дека мораа да се донесат. Доколку има потреба ќе разговараме со стопанските комори, претприемачите и ќе видиме која е моменталната можност за помош“, истакна Фатмир Битиќи.

„Господинот Битиќи нема воопшто потреба да се размислува“ рече претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, бидејќи помошта е неопходна. Вели дека со мерките за покажување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, профитот на угостителските објекти е намален за 70%.

Со последните мерки против Ковид-19, најмногу беше ограничена работата на угостителските објекти, со што се предвидува за влез во објектот мора да поседувате сертификат за примена ковид вакцина или потврда од матичниот лекар за прележан Ковид-19.