Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 20 август во домот на 31-годишниот гостиварец биле пронајдени околу 20 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.​​