Доаѓа денот кога навистина очекуваат и граѓаните, очекуваме и ние големи промени коишто ќе се случат после овие локални избори. Мојата порака е да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме бидејќи најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гостивар. Како што вели тој, конечното решение за сите проблеми на граѓаните е пораз на власта предводена од СДСМ и ДУИ, прво на локалните избори во октомври, а потоа и формирање на ново парламентарно мнозинство.

-Единствен начин да се надминат овие сите проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа непособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Тоа е единствениот начин да се надминат сите проблеми на граѓаните. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите, или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи трајно решение. Затоа она што е моја порака денеска и она што сакам јас да го кажам е дека конечното решение за сите проблеми на граѓаните е пораз на локалните избори, ново владино мнозинство веднаш после поразот на власта на локалните избори, изјави Мицкоски.