Каде ќе бидат сместени лицата кои ќе пристигнат од Авганистан?

На ова прашање одговор ни даде Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој потврди дека тие ќе бидат сместени во хотели или мотели, и посочи дека станува збор за лица кои работеле во мисијата на ОН и САД.

„Државјани на Авганистан, кои што работеле во мисијата на Обединетите нации, во мисијата на САД, Националниот демократски институт или во Невладини организации кои што се занимаваат со човекови права и членови на нивни семејства. Овде не станува збор за мигранти кои што го напуштаат Авганистан и доаѓаат тука“, посочи Спасовски.

Тој порача дека тие ќе бидат само некое време на територија на Македонија, а подоцна ќе си заминат во САД или во друга држава каде ќе им се овозможи престој.