Мицкоски си го покажа вистинското лице, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук. Христијан Мицкоски веќе неколку години по ред покажува екстремно ниско ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите, велат од владејачката СДСМ.
Од таму додаваат дека:
-Човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски деновиве секому му се разјасни токму преку неговиот Фејсбук профил. Очигледно е дека на Мицкоски не му е доволно тоа што е послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите, поткопувањето на здравствениот систем, пироманските деструкции.
Не му се доволни ниту релевантни европски истражувања кои го посочија како извор на лажни вести. Политичкиот пироман Мицкоски упорно тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет. Толку може, толкав му е капацитетот. Прашање е само од која плажа пишува вулгаризми, велат од СДСМ.
Ваквата реакција од СДСМ доаѓа откако во јавноста се појавија фотографии од наводна вербална преписка на Мицкоски на неговиот Фејсбук профил со граѓани, во која употребуваше вулгарни зборови и пцовки.