Со Охридскиот договор има многу достигнувања, но има многу мани, смета аналитичарот Арсим Зеколи.
Тој во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 рече дека доколку Охридскиот договор се спореди со некој друг, како што е Дејтонскиот, она кои произлегло од Охридскиот е многу подобро во споредба со договорот во Босна.
„Донесе нова реалност на политичката сцена каде, влијанието не само на албанската политика, туку и на различното размислување што постоеше тогаш, апстрактен идеализам на Македонија пред Охрид, почна да се збогатува со размислувања, со поинакви политички дејствувања, кои придонеса за поголема колоритност. Второ е секако подобрувањето на социо-економската состојба преку вработувањето на Албанците, трето -употребата на Охридскиот договор е како еден вид координата за посовремено политичко дејствување, чии ефекти ќе ги видиме само по членството во ЕУ“, додава Арсим Зеколи.