– Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава. Тогаш пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингот и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани. Ова го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на панел дискусијата при одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор.

Ахмети притоа додава:

– Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија да се применат од точка до точка сите обврски да бидеме бескомпромисни во борбата против корупцијата и криминалот. Ние Европа ја имаме блиску на прагот, но задачите треба да ги направиме сами. Ние сме земја членка на НАТО, ние треба да ја избришеме во нашите глави таа класична автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузништва и пртнерски односи со ЕУ и треба да ги примениш нормите, правилата на сите. Колку си мал стануваш голем. Ние сме сега исто како најголемите во НАТО, но ние треба да поставиме НАТО стандарди, бидејќи ние сме барале да станеме членка на НАТО. Сигурен сум дека можеме да постигнеме, нагласи Ахмети.

Истакна дека имаат големи историски одговорности, и како политичка партија да работат со луѓето да ги надминат пресдсрасудите.

– Уште во оваа држава има стереиотипи и предрасуди. Се уште има заинтересираности кои се мотивираат од идеологии и држави кои не сакаат нашата држава да напредува, туку сакаат нивни влијание да доминираат во нашата држава. Ние немаме друга алтернатива, рече Ахмети.

За пред потпишувањето на Охридскиот договор порача дека Албанците во нашата држава биле маргинализирани, дискриминирани и не ги уживале правата. Како што вели имало и репресија и сите нивни барања завршувале со притисоци кои некогаш завршувале и со затвор.