Доктор Ненад Лазаров, матичен лекар, кој постојано е активен со совети за коронавирусот уште при појавата кај нас, се огласи на Фејсбук каде што напиша:

-Ова не е бран, ова е цунами. Сите ќе имате можност да се уверите, напиша тој.

Вчера имаше 588 позитивни случаи и 8 починати пациенти како последица на коронавирусот. Иако имаше најави од министерот Венко Филипче дека се очекува август или септември да прогласиме крај на пандемијата, сепак наместо тоа сега се соочуваме со четвртиот бран. Многумина сметаат дека тоа е резултат на опуштањето на мерките, пред се организирањето свадби и масовни собири, на кои не се почитувале мерките за заштита.