Вирусот забрзано се шири низ земјава, по долго време, вчера беа регистрирани дури осум починати, а 588 новозаразени.
Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите, пишува на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров.
Тој во своја предходна објава на Фејсбук напиша дека тинејџерите и деца се почесто имаат проблем со пневмонии.
Во Скопје бројот на активни случаи се искачи на 1053, а во Тетово 755. Следи Гостивар со 370 активни случаи, Куманово – 193, Кичево – 161, Струмица – 88, Битола – 75, Дебар – 71, Охрид и Струга со по 67 активни случаи. Во другите градови се под 50 заразени, а Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово, Дојран и Неготино сè уште се без позитивен случај.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159 269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5521.
Од понеделник почнуваат новите рестриктивни мерки, кои предвидуваат во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, да влезат само оние кои примиле барем една доза вакцина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.