Пожарите изгасени, дожд заврна, па повеќе нема опасност во Пехчево и Делчево. Австриските, но и словенечките пожарникари неколку дена ја водеа битката со огнената стихија. Со оглед на тоа дека ја завршија својата работа тука, заминуваат дома. А, пехчевци со аплауз и едно големо благодарам ги испратија дома. Заедно со македонските полицајци, македонската армија, волонтерите, самите жители, пехчевци се благодарни на австриските, словенечките, бугарските пожарникари, а секако тука беа и хеликоптерите на Србија, но и авионите на Романија.