Голем простор на висока шума, ниска трева, милионска штета. Ова се последиците од пожарите кои се уште се активни во Малешевијата, пред се на потегот меѓу Делчево, Пехчево и Берово. Дека пожарите навистина беа големи, а огнетите пламени долги и по неколку километри покажуваат и овие фотографии. Страшна е сликата од небо, а наместо облаци над Малешевијата има чад.