Повеќе од 80.000 лица се евакуирани поради сериозни врнежи од дожд и поплави во кинеската провинција Сичуан.

Врнежите кои биле од петокот од недела, ги зголемиле водостоите на реките над критичната точка, јавува Ројтерс.

Во поплавите погодени се над 440.000 лица во шест града ширум провинцијата.

Уништени се 45 куќи, додека 118 претрпеле сериозна штета. Досега е причинета материјална штета од 38,57 милиони долари во Сичуан.