Шумските пожари сѐ уште беснеат на грчкиот остров Евија, потпомогнати од силните ветрови и се движат кон населени области од каде се евакуирани повеќе од 2.000 луѓе.

Advertisements

Голем број пожари ја зафатија Грција во изминатите неколку дена поради рекордно високата температура која достигна и 45 степени Целзиусови.

Многу земји одговорија на повикот на Грција за помош, вклучувајќи ги Франција, Германија и Велика Британија. Според последните податоци, пожарот во регионот Пелопонез е ставен под контрола, додека оној во атинското предградие Атика, на северот од грчката престолнина, сега е многу помалку интензивен.

Прикажи повеќе