Фотографии: Тоше Огњанов (Глас на Америка)
Романскиот авион со само два прелети го уништи пожарот во Малешевијата. Во текот на денешниот ден два авиони пристигнаа од Романија, „Херкулес“ и „Спартан“, а со практично два прелети, пожарот беше уништен. Се уште тлее на планината над селото Будинарци, но огнот е ставен под контрола. Според последните информации, останале уште неколку екипи од македонски шуми и домашни пожарникари за да чуваат стража да не се разгори повторно, а пожарникарите од Австрија, Словенија и Бугарија се повлекле од местото каде што беше направен кордон за спас на селото.