Сè уште нема доволно податоци за да се препорача употреба на третата, засилувачка доза, соопшти денеска Европската агенција за храна и лекови (ЕМА), откако некои земји од ЕУ наведоа дека ќе почнат да ја даваат трета доза вакцини против Ковид-19 на најранливиот дел од населението во септември, пренесе МИА.

ЕМА кон средината на јули соопшти дека се потребни повеќе податоци пред да се даде препорака за зголемена доза, но најголемите земји од ЕУ како Германија и Франција продолжуваат со плановите да дадат засилувачка доза во секој случај

„Прерано е да се потврди кога ќе биде потребна засилувачка доза на вакцина против Ковид-19, бидејќи сe уште немаме доволно податоци од вакцинации и тековни студии за да утврдиме колку долго трае заштитата од постојните дози“, велат од ЕМА.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.