Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.
Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.
Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.
Оваа помош е преку програмата Коперникус на Европската унија преку која се испратени тимови од Австрија, Шведска, Франција и Бугарија во Северна Македонија и Грција.