Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес конференција потврди дека пожарите ја земаа и првата жртва. Шеесетгодишната жена од село Челопек кумановско настрада во опожарената кужа во пожарот кој беснее во Старо Нагоричане.

– Сакам да изразам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Куќите ќе ги направиме, дрвата ќе пораснат, но колку буки или борови вреди човечкиот живот? Затоа да се фокусираме на човечките животи. Државата ќе помогне да се направи нов дом, нов живот нема да се врати. Апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат блиску до пожарите еднаш да бегаат, да се евакуираат. Човечкиот живот е бесценет – изјави Ангелов.