Бугарија, Србија, Словенија, се земјите кои испратија помош во Македонија за гаснењето на пожарите. Српските хеликоптери веќе учествуваат во гаснењето на пожарите во делчевскиот и пехчевскот регион. Хеликоптерите од Србија пристигнаа пред два дена, вчера попладне пристигнаа противпожарните возила од Бугарија, а утрово пристигна и помошта од Словенија. Низ државата активни се неколку пожари, а најкритично е во Пехчево.