Славица Котиров ќе го замени на функцијата досегашниот в.д. директор Горан Сугарески на Царинската управа. Таа досега беше заменик-директорка на Царина. Одлуката за прифаќање на оставката на Сугаревски и назначувањето на Котиров е донесена на синоќешната владина седница.

Сугарески на 9 јули ја информираше јавноста дека си поднел оставка и рече дека од 11 јули ќе се врати на старото работно место во Општина Прилеп. Причината за неговата оставка беше што си поднесе кандидатура во партиските органи на СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп.