Лидерот на ДУИ Али Ахмети одговорил позитивно на поканата од претседателот на државата Стево Пендаровски да присуствува на 2-ри август во Крушево на прославата на големиот државен празник Илинде. Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, покана била упатена до сите лидери на парламентарните политички партии, како што се Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев, Зијадин Села, Африм Гаши и останатите, а досега само потврда добиле од Али Ахмети. Од останатите се уште чекаат потврда.

Инаку, годинава за разлика од претходните години централната прослава ќе се одржи во 18:00 часот со цел сите функционери или лидери кои се на прослава на друго место да можат на време да стигнат во Крушево.