Паскал Сорио, извршен директор на „Астра Зенека“, изјави вчера дека се уште не е јасно дали трета доза од вакцината ќе биде потребна за продолжена имунизација против коронавирусот.
Тој за американската телевизија Си -Ен -Би -Си нагласи дека нема „прецизен одговор“ на прашањето дали ќе биде неопходно да се вакцинираат со повеќе од две дози.
Постојат две димензии на имунитет – антитела кои ослабуваат со текот на времето, додека Т -клетките се многу важна димензија на вакцинацијата. Тие штитат од неколку заразни болести, но исто така обезбедуваат долгорочна заштита, објаснува Сорио.
Како што рече, користената технологија овозможува многу високо производство на Т – клетки.
Се надеваме дека ќе имаме вакцини што создаваат долгорочна заштита, така што се уште не е јасно дали ќе ни треба трета доза. Само времето ќе покаже, вели Сорио.
Т – клетките се вид на бели крвни клетки кои имаат различни улоги во одбраната на телото од вирусот.
Тие можат да го нападнат патогенот или да поддржат разни бели крвни клетки во производството на антитела.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.