Административците не можат да бидат корумпирани бидејќи имаат раководители во првиот ешалон или некој кој е именуван и доколку тие прават прекршоци, раководителите треба да преземат мерки против нив – изјави потпретседателот на ДКСК, Нури Бајрами, по изјавата на Премиерот кој изјави дека администрацијата е корумпирана а не функционерите. Според Бајрами, ниту еден административец не може да работи без знаење на раководителот.

„Службените лица се избрани и именувани во јавниот сектор, но ние немаме директни надлежности во јавниот сектор од аспект на покревање на сомнение за корупција, доколку евентуално има конкретни сомнежи. Не мора да значи само ние да делуваме туку може да делува и секој друг орган кој е за заштита на законот како што е Финансиска полиција, обичната полиција и другите органи кои се за заштита на законот. Но кога во прашање е функционирањето на администрацијата во нашиот правен поредок, што се однесува до вработените, не е изграден и вработените на 1300 институции се независни и можат сами да одлучуваат. Едноставно судбината на вработените во јавната администрација е во рацете на избраниците и именуваните во првиот ешалон“, посочи Нури Бајрами.

Пред неколку дена премиерот Заев рече дека функционерите не се корумпирани. Според него корупцијата е во функција на администрацијата, затоа додаде дека ќе се бара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Заев исто така изјави дека Антикорупциска не е секогаш во право.