На 28.07.2021 во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, после клучката за село Горно Дупени, џип „опел фронтера”,  управуван од Е.С.(46) од Ресен, излетал од коловозот.

На местото на незгодата починал возачот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.