Спорот со Бугарија ќе биде многу тешко да се реши и кога ќе има политичка влада во Бугарија затоа што секирите меѓу двете страни се уште не се закопани, предвидува граѓанскиот активист Бесим Небиу во интервју за zoom.mk.

Небиу верува дека спорот ќе потрае на среден рок, а може да се повтори и сценариото како со спорот за името со Грција.

„Ако не се реши спорот во 2021 година мислам дека ќе продолжи на среден рок и ќе претставува главна оска на политичка поделба во земјата и алиби за разни популистички движења со цел да се контролира политиката преку емоционални и патриотско националистички теми и да ја држат змејата во статус кви, а тоа лошо за Северна Македонија затоа што е трета најсиромашна земја во Европа“, истакнува Небиу.

Тој смета дека македонската влада ја спрема јавноста дека земјата на подолго време нема да ги почне преговорите за членство со Еврпската унија.

„Тоа е моја лична проценка бидејќи преголема е дозата на дефетизам и разочарување коешто е колективно и личи на слични епизоди од некоја бивша влада. Премногу е сличен начиинот на којшто пропагандистичката машинерија на Груевски во едно друго време ја подготвуваше јавноста за наредни блокади од Грција иако има различни ситуации и друга е коњуктурата меѓутоа подготвување на јавноста е слично“, тврди Небиу.